Блинкен: Ќе му помогнеме на Киев да ги процесуира воените злосторства

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави формирање нова британска, американска и група на ЕУ што ќе му помага на украинското обвинителство да ги документира, како што рече, „воените злосторства и другите бруталности“ извршени во Украина.

„Новиот механизам, наречен Советодавна група за криминал (АЦА), ќе пружа стратешка советодавна и оперативна помош на Единицата за воени злосторства на Украинското обвинителство, легално конституираното тело задолжено за прогон на воени и други злосторства во Украина“, изјави Блинкен.

Тој додаде иако САД и сојузниците ги поддржуваат меѓународните напори за изведување на одговорните за злосторства пред лицето на правдата, клучната улога во тој процес останува на украинското обвинителство.

„Советодавната група ќе соработува со американското Министерство за правда и ќе се обиде да дојде до правдата и пред американските судови“, рече Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ