Блер: Британското излегување од ЕУ ќе води кон шкотска независност

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека Шкотска ќе се отцепи од Обединетото Кралство доколку британските гласачи на европскиот референдум се определат за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Блер верува дека мнозинството Британци сепак, ќе се определат за останување на земјата во Унијата.

Референдумот би требало да се одржи до крајот на идната 2017 година, но во британската политичка јавност се почесто се споменува дека изјаснувањето на Британците за останување, или за заминување од Унијата, би можело да одржи во текот на јуни годинава.

Се верува дека едно вакво решение би можело да се донесе, доколку Лондон и Брисел успеат да постигнат договор за четирите британски барања за реформирање на ЕУ, до Самитот во средината на февруари.

Според Даунинг стрит 10, преговорите на Британија и другите земји членки „бележат напредок„ што отвора можност за договор во следните четири недели.

Тони Блер, во разговор за една француска радио станица, рекол дека тој смета оти ако Британците гласаат да ја напуштат ЕУ, тогаш Шкотланѓаните ќе гласаат за напуштање на Велика Британија.

Таквата можност индиректно ја спомена и лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и прв министер на Шкотска, Никола Старџен.

Таа верува дека доколку се изгласа напуштање на Унијата, тогаш „огромен ќе биде притисокот„ за организирање нов референдум за независност на Шкотска.

Пратеникот на шкотските сепаратисти во британскиот Парламент, Стивен Готинс изјави дека би било „крајно неприфатливо„ за Шкотска, да биде „исфрлена од ЕУ, против нејзината волја„.

Пред Блер и поранешниот премиер Џон Мејџор, од редовите на ториевците, предупреди на можноста од расцеп на Обединетото Кралство, доколку Британија замине од ЕУ.
Против напуштањето на Унијата се изјасни и поранешниот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг и доскорешен член на владата на премиерот Дејвид Камерон.

Хејг изјави дека иако е евроскептик, сепак, смета дека излегувањето од ЕУ ќе ја доведе Британија на работ самата да се распадне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски