Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека Велика Британија во борбата против тероризмот, заедно со своите странски партнери, ќе настапува од позицијата на почитување на принципот за владеење на правото и на човековоте права.
Хејг на предавањето во угледниот лондоснки Инситут за безбедност РУСИ, рече дека ваквиот приод може да го олесни споделеувањето на безбедносни информации со други држави за терористичките закани и заговори.
Излагањето на шефот на британскиот Форин Офис, доаѓа по заложничката криза во рафернерија на гас во алжирдкиот дел од Сахара, во која беа убиени шестмина Британци, како и по се поголемата загриженост поради дејствувањето на мрежата на Ал Каеда во Северна Африка.
Хејг признава дека Велика Британија се наоѓа пред сериозната дилема како потесно да соработува во пресметката со тероризмот со странските земји во кои владеат страндарди по различни од британските. Според британскиот министер, во иднина официјален Лондон повеќе ќе инсистира на унапредувањето на полициските и безбедносните сили во странските земји, кога станува збор за владеењето на правото и почитувањето човековите права, посебно во центрите каде се чуваат лицата осомничени за тероризам.
Во минатото Велика Британија беше критикувана за соработка, околу размената на разузнавачки сознанија со партнерски земји каде не се задоволени стандардите што се задолжителни според британските прописи, па сега ќе мора да плаќа отштета затоа што странски земји вршиле повреда на човековите права.