„Bild“: Германија ќе ги зголемува пензиите во следните четири години

Од:

Германската Влада планира во следните четири години значително да ги зголеми пензиите, објави „Bild“.

Весникот не напоменувајќи за извор на веста, тврди дека се очекува Владата на 28-ми ноември да одобри зголемување на пензиите.

Конзервативната Влада планира зголемување на пензиите за 8,27 отсто во западните покраини до 2016-та година и 11,01 отсто во покраините кои некогаш беа во состав на источна Германија.

„Bild“ објави дека во 2013-та година пензионерите во источните покраини ќе добијат пензии повисоки за 3,49 отсто што е најмногу од 1997-ма година додека во западните само еден отсто, а во 2015-та – 2,55 отсто. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде најголемо зголемување на пензиите од 1993 година.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он