Билд: Бегалци купуваат пишани закани за да добијат полесно азил

Од:

Бегалската криза отвори нов вреден пазар, но овојпат со талибански пишани закани за смрт кои на наводните жртви треба да им овозможи полесно да добијат азил во Европа, објави германски Билд.

– Последно предупредување до тебе. Одлучивме да те убиеме, пишува на лист хартија А4 формат, издадено по налог на лидерот на талибанците Мула Омар, кој меѓутоа, одамна е мртов.

Билд провериле и како се добиваат тие „документи“.

Со посредување на човек по име Мохамед, репортерот на весникот за само четири дена добил во еден кафе-бар во Кабул „смртна пресуда“ издадена на негово име.

Мохамед му рекол на новинарот на Билд дека за илјада евра може да купи такво писмо-закана од талибанците и дека досега издал стотина.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови