Билансот на жртвите во урнатиот храм во Кербала се искачи на седум

Од:

Уште две тела денеска се извлечени од под урнатините на шиитското светилиште во близина на Карбала во Ирак, предизвикано од лизгање на земјиште. Бројот жртви во несреќата достигна седум.

„За жал, утрово пронајдовме две тела, на маж и жена“, изјави Џаудат Абделрахман, портпарол на ирачката цивилна одбрана.

Поради лизгање на земјиште во саботата се урна таванот на светилиштето посветено на имамот Али во близина на Карбала во централен Ирак, при што падна врз луѓето што во моментот е наоѓаа во храмот.

Досега од под урнатините се извлечени шест преживеани, меѓу кои и три деца.

Спасувачите успеаја да достават храна и вода до заробени под урнатините. Тие се обидуваат да ги отстранат бетонските блокови и да ги ослободат затрупаните.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак