Бил Клинтон тврди дека ништо не знае за злосторствата на Епстин

Од:

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска сведочеше пред Конгресот во врска со наводната поврзаност со покојниот финансиски инвеститор Џефри Епстин, изјавувајќи дека не знаел за неговите криминални активности и дека „ниту видел, ниту направил нешто погрешно“.

Клинтон рече дека во времето кога се познавале немал сознанија за злосторствата на Епстин, нагласувајќи дека фотографиите кои повторно се појавија во јавноста не претставуваат доказ за каква било вмешаност.

„Да знаев што прави, не само што немаше да летам со неговиот авион, туку и ќе го пријавев“, изјави Клинтон, додавајќи дека по 2008 година, кога Епстин призна вина за организирање проституција, повеќе немале контакти.

Тој посочи дека нивниот однос бил краткотраен и завршил години пред во јавноста да излезат деталите за злоупотребите. Клинтон истакна и дека жртвите на Епстин заслужуваат правда и поддршка, додавајќи дека е подготвен да соработува со институциите за да се спречат слични случаи во иднина.

Претходно пред Конгресот сведочеше и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Таа изјави дека никогаш не се сретнала со Епстин и немала информации за неговите криминални дејствија. Сепак, потврди дека била во контакт со неговата поранешна соработничка Гилејн Максвел, која во 2010 година присуствувала на свадбата на нивната ќерка Челси Клинтон.

Иако првично одбиле да сведочат, Бил и Хилари Клинтон подоцна се појавија пред законодавците откако беше најавена можноста за постапка поради непочитување на Конгресот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико

„Њујорк тајмс“: Бил Клинтон опуштeно, а Хилари со презир одговараше на прашањата за Епштајн

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Марк Епштајн: Не ме интересираат жртвите, мојот брат беше убиен

Британската влада ќе објави доверливи документи за Ендрју: „Им го должиме тоа на жртвите“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски