Бил Гејтс очекува вакцината против коронавирус да биде широко достапна во светот

Од:

Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува вакцината против коронавирус да биде подостапна за што повеќе луѓе во светот.

Според него, ефикасноста на вакцините утврдена со тестирање е навестување дека тоа може да биде случај и со другите вакцини што се развиваат.

Затоа, тој процени дека ќе биде полесно да се произведуваат и дистрибуираат вакцини низ целиот свет, а тоа првенствено се однесува на земјите во развој.

– Со оглед на добрата вест од „Фајзер“и „Модерна“, мислам дека е веројатно дека вакцините на „АстраЗенека“,„Новавакс“и „Џонсон и Џонсон“ ќе покажат добра ефикасност, рече Гејтс на онлајн самит организиран од Њујорк тајмс.

Научниците имаат слични очекувања како Гејтс, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Изјавата на Гејтс дојде откако Модерна објави во понеделникот дека нивната вакцина е поефикасна од онаа што ја развија „Фајзер“ и „БиоНТек“. Само седум дена порано, Фајзер и БиоНтек изјавија дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он