Би-Би-Си се извини заради сексуално злоставување

Од:

Британски Би-Би-Си во понеделник се извини на жените кои тврдат дека една од главните ѕвезди на таа телевизија сексуално ги злоставувал пред повеќе децении.

Својот статус на ѕвезда и угледен хуманитарец го злоупотребил Џими Севил, ексцентричен спикер на Би-Би-Си кој почина лани на 84 годишна возраст.

Севил беше познат по долгата сина коса, посебниот карактер и особеноста „поголема од животот”. Сакаше да пуши цигари, да носи тренерки и да смислува нови зборови од кои некои влегле во речникот.

Тој некогашен ди-џеј се возеше низ Лондон со „ролс-ројс”, а кралицата Елизабета ја награди неговата хуманитарна работа во 1990 година со титулата витез. Кога лани умре, беше погребан во тренерка, а позлатеното тело беше изложено во еден хотел.

Но минатата недела неговиот углед беше доведен под знак прашалник, откако беше прикажан документарец за сексуалното напаствување на Севил на повеќе жени. Работата се прошири и Би-Би-Си почна да добива незгодни прашања за тоа дали некој нешто знаел околу ова.

Во понеделник новиот шеф на Би-Би-Си Џорџ Етвисл вети дека компанијата во целост ќе соработува со полицијата при истрагата.

„Тие жени доживеале нешто грозно и заради тоа навистина ми е жал… Би сакал во името на оваа организација на секоја од нив да им се извинам заради ова што тука го претрпеле”, рече Етвисл.

Некои жени тврдат дека Севил ги злоставувал уште додека имале 12 години. Според нивните зборови, на Би-Би-Си во 70-те и 80-те години, во времето на најголемата слава на Севил, владеела културата на сексуалното злоставување. Некои девојки биле нападнати дури и во просториите на Би-Би-Си.

 

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија