Еден бездомник призна дека се заканувал дека ќе го убие принцот Хари, соопшти денес британската полиција
Ашраф Ислам (30) е обвинет на 25-ти мај поради закани, а откако ја признал вината одреден му е притвор, каде што ќе ја чека пресудата.
Ислам е уапсен ден по убиството на британскиот војник во Лондон, откако влегол во една полициска станица во британската престолнина и започнал да се заканува.
Принцот Хари (28) е капетан на британското воено воздухопловство и два пати службено беше во Авганистан.
Елена Георгиевска