Безбедносните служби во Германија предупредуваат на закана од десничарски екстремизам

Од:

Десничарскиот екстремизам во моментов е најголемата закана за германската безбедност“, тврдат раководителите на трите најважни безбедносни служби во Германија кои им укажаа за безбедносната состојба во земјата на членовите на германскиот Парламент.

Шефот на германската агенција за надворешно разузнавање (БНД), Бруно Кал, изјави дека „пандемијата на коронавирусот е стрес-тест за политичарите и предупреди дека авторитарните режими ќе ја искористат здравствената криза за зајакнување на нивната моќ и влијание“.

Шефот на воената служба за разузнавање посочи „дека постои зголемена подготвеност за употреба на насилство, како меѓу крајната десница, така и од левицата“. Според него, „екстремно десничарскиот екстремизам и екстремно десничарскиот тероризам претставуваат најголема опасност за Германија во моментот“.

Според германскиот закон, шефовите на разузнавачките и безбедносните служби се должни еднаш годишно да достават извештај за нивната работа до парламентарна комисија за безбедносната состојба во земјата.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина