Безбедносната конференција во Минхен започна во сенка на тензиите во Украина

Од:

Безбедносната конференција во Минхен почна денеска со присуство на голем број западни лидери и во сенка на зголемените тензии во источна Украина.

„Ова е најважната конференција во моите 14 години на нејзино чело“, рече шефот на конференцијата Волфганг Ишингер за годинашното издание на конференцијата, која се одржува во главниот град на Баварија од 1963 година.

„Канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена рече во Москва дека наша должност е да работиме за да спречиме голема војна. Но, добро, да почнеме да работиме на тоа“, рече Ишингер на отворањето на форумот, во време кога Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите по артилериските и минофрлачки напади во источна Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека светските геополитички поделби продолжуваат да растат, што го „парализира“ Советот за безбедност и им дозволува на различни актери неказнето да дејствуваат. Тој рече дека е загрижен поради можноста за воен конфликт во Европа, во време кога руската армија се распоредува на украинската граница.

„Се уште не мислам дека тоа ќе се случи, но ако се случи, ќе биде катастрофа“, рече Гутереш, додавајќи дека е „време за сериозна деескалација“ и дека нема алтернатива за дипломатијата.

Голем број светски лидери пристигнаа во Минхен, кои често се нарекуваат одбрана на Давос, вклучително и американскиот потпретседател Камала Харис, државниот секретар Ентони Блинкен, шефот на НАТО Јенс Столтенберг, украинскиот претседател Володимир Зеленски и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

За првпат по неколку години претставник на Русија не допатува во Минхен, што, како што наведуваат странските агенции, е показател за влошување на односите меѓу Западот и Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина