Без шанси за успех, Трамп има последна шанса за напад врз гласањето на изборите за претседател

Од:

Доналд Трамп продолжува да оспорува срезултти од изборите за претседател во САД, но сепак, претседателот во заминување ќе се соочи со крајни рокови, што дополнително ќе ја засилат победата на Џо Бајден.

САД ги потврдуваат своите резултати во текот на следните неколку недели во фазен процес што ќе заврши на 14 декември, датум на кој Изборниот колеџ официјално се собира за да го потврди следниот претседател.

Ова му дава на Доналд Трамп одреден простор да фрли дополнително сомневање на пресудата на американскиот народ и да го блокира процесот на транзиција кон администрацијата на Бајден, дури и ако има малку надеж за пресврт во исходот.

„Од техничка гледна точка, не е важно дали претседателот ќе го нападне исходот од изборите, бидејќи ова не е целосно решен процес се додека не бидат преземени сите тие чекори“, смета Расел Рајли, копретседавач на програмата за претседателска историјата на Центарот „Милер“.

„Пошироката слика е дека ова ги крши сите очекувања на администрацијата и стандардите на фер-игра што ја овозможуваат демократијата“, додаде тој.

Иако гласањето заврши на 3 ноември, одделни држави имаат свои процеси за обезбедување сигурен попис, што обично вклучува повеќе проверки. Регулирањето на процесот е специфично за секоја држава и роковите се различни.

Трамп, иако не се појавува во јавноста, и денеска тврди дека бројот на гласови преброени во Детроит, упориште на демократите и најголемиот град во Мичиген, е поголем од бројот на жители.

„Има многу повеќе гласови од луѓето во Детроит. Ништо не може да оправда огромна измама. Јас победувам во Мичиген”, објави тој на Твитер.

Сепак, во Џорџија, рокот за сертификација е 20 ноември. По завршувањето на првичната пресметка, државата започнува да го брои секој глас како дел од ревизијата.

Пенсилванија, каде се и повеќето тужби поднесени од Трамп, има рок до 23 ноември за окрузите да ги достават конечните гласови. Кампањата на Трамп има за цел да добие судски налог за да се спречи државата да ги провери своите резултати.

Во Мичиген, резултатите ги потврдува совет од четири лица – има двајца демократи и двајца републиканци, што ја зголемува можноста за ќорсокак. Советот има рок од 20 дена од 23 ноември да ја заврши сертификацијата со најмалку три гласа. Претседателските резултати во Мичиген обично се потврдуваат на првиот ден без компликации, но демократите се подготвуваат да го одложат процесот.

Рокот за сертификација за Невада и Висконсин е 1 декември.

Постојаната низа проверки и сертификати ќе и отежне на администрацијата на Трамп да продолжи да се спротивставува на почетокот на транзицијата на Џо Бајден, особено откако државите што му даваат мнозинство на избраниот претседател на Изборниот колеџ ќе ги финализираат своите резултати.

Федералниот закон бара ослободување на преодни средства кога резултатот од изборите е „очигледен“. Трамп може да побара ново пребројување во државите каде резултатите се блиску, како што се Висконсин и Џорџија, иако тие не сакаат многу да го променат вкупниот глас.

Во Висконсин, кампањата на Трамп мора да побара повтѕорно пребројување и да плати 7,9 милиони долари однапред за да ги покрие очекуваните трошоци.

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп плати три милиони долари за пребројување на гласачките ливчиња во два округа на Висконсин, со приврзаност кон демократите, велејќи дека се случиле „најголемите неправилности“, иако тој не даде докази за прекршувања.

Трамп синоќа плати за пребројување на гласовите во окрузите Милвоки и Дан и планираше да ги презентира потребните документи за почнување на постапката денеска, се вели во соопштението на неговиот изборен штаб.

Во двете изборни единици кои Трамп ги избра да ги оспори резултатите, демократот Џо Бајден доби 577.455 гласови наспроти 213.157 за Трамп. Бајден ја освои целата држава со 20.608 гласа, врз основа на резултатите од окрузите.

Во секој случај, Бајден има голема разлика од 306 гласа наспроти 232 гласачи во Изборниот колегиум, што значи дека дури и ако вонредните настани ја свртат неговата победа во една држава, тоа нема да влијае на вкупниот резултат.

Ова се смета за доволна причина тужбите на Доналд Трамп да се сметаат за безнадежни.

По конечното заверување на гласовите во декември – на 8 декември, како што е утврдено, треба да се земат предвид гласовите на Изборниот колегиум. Шест дена подоцна, гласачите се состануваат одделно во секоја држава за да гласаат во Изборниот колеџ. Избирачите ќе бидат или демократи или републиканци, во зависност од тоа кој ќе победи во државата. Тие обично гласаат според волјата на гласачите во државата што ја претставуваат.

Поради тоа, последната станица ќе биде на 6 јануари, кога Конгресот ќе ги преброи гласовите на Изборниот колеџ на седницата со која ќе раководи Мајк Пенс, сегашен потпретседател на САД.

Инаугурацијата е предвидена за 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски