Бесплатни часови по јога за државните службеници во Индија

Од:

Индиската Влада најави денеска дека ќе обезбеди бесплатни часови по јога за три милиони свои служеници и членовите на нивните семејства во рамки на кампањата за промоција на оваа древна наука за здрав живот.

Индискиот премиер Нарендра Моди е голем љубител на јогата, кој со посебен режим на вежбање и медитација ја објаснува својата способност со часови да работи по само четири до пет часа спиење.

Во писмото се наведува дека Владата во Њу Делхи ќе „организира редовни тренинзи по јога од 1 април оваа година за сите вработени во државната администрација и за нивните семејства“.

Моди неодамна формира и ново министерство, чија задача е да ја поттикне древната пракса на духовни и телесни вежби.

На почетокот од годинава, ОН го прифати предлогот на индискиот премиер 21 јуни да се прогласи за Меѓународен ден на јогата.

По преземањето на власта, Моди, кој е строг вегетаријанец, бил шокиран од навиките на некои службеници кои редовно доцнеле на работа и користеле долги паузи за ручек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати