Бритиш гас ќе понуди потполно бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија за време на викендот, односно во саботите.
Промената на тарифирањето, Бритиш гас сака да ја воведе од 2014 година, е идентична со постојната понуда на сестринската енергетска компанија од САД – „Директ енерџи“.
Зад двете компании стои дистрибутерот „Центрица“, која сака да го мотивира потрошувачите да ја насочат потрошувачката во време на викендите, кога насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови.
Проектот веќе се одвива во северноисточните американски држави, а наскоро ќе почне и во Тексас.