Беспилотно летало на САД уби пет припадници на Ал Каеда во Јемен

Од:

Најмалку пет екстремисти осомничени дека и припаѓаат на Ал Каеда загинаа од две американски беспилотни летала, во Јемен пренесе „Асошиејтед прес“.

Според Агенцијата вчера е уништена куќата на едниот од нив во планинската област јужно од главиот град на Јемен.

Четири лица се убиени во првиот напад на автомобил кој се движел во правец на пустинската област Усаб ал Али, приближно 140 километри јужно од Сане.

Во вториот напад убиен е и петтиот џихадист, Хамед Радман познат на безбедносните сили како влијателен член на АЛ Каеда кој вршел регрутација н априпадниците.

Американската агенција наведе изјава на очевидци дека американско беспилотно летало било и се уште е на небото над селото.

„Асошиетејд прес“ истовремено пренесе и дека во Сане јеменските власти извршија рации во куќите на осомничените припадници на Ал Каеда во текот на изминатите неколку часа и притворија 15 од нив.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида