Беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим

Од:

Беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим, а противвоздушната одбрана веќе соборила два авиони, изјави денеска гувернерот на градот Михаил Развозаев.

„Нашата противвоздушна одбрана работи во моментов. Во тек е напад со беспилотни летала. Според прелиминарните информации, веќе се соборени два дрона. Сите сили и служби се во подготвеност“, напиша Развозаев на Телеграм, пренесе агенцијата ТАС С.

Тој додаде дека цивилните згради не се оштетени.

„Ве молиме останете смирени“, рече гувернерот.

Претходно над Севастопол беа соборени дронови на 1 и 8 ноември, потсети руската агенција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски