Берлускони: Наместо медал, добив пресуда

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (76) пред судот во Милано изјави дека е невин, каде што со првостепена постапка е прогласен за виновен, поради прекривање на данок.

-Наместо државата да ми даде златен медал, бидејќи обезбедив работа за 56 илјади луѓе, јас сум осуден на четири години затвор – изјави Берлускони.

Милијардерот пред судот изјави дека тоа за што е обвинет, апсолутно нема никаква врска со фактите.

Тој во октомври 2012 година е осуден на четири години затвор и петгодишна забрана за извршување на јавни функции.

Затворската казна е намалена на една година, а двете казни се суспендирани, бидејќи Берлускони приложи жалба на пресудата.

Пресудата на судот се очекува на 24-ти март. На Берлускони му се суди и поради обвинение дека имал сексуални односи со малолетна проститутка, додека бил премиер и е осомничен дека ја злоупотребил положбата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он