Берлускони: Ќе го укинам данокот на имот

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони вети дека доколку победи на изборите ќе го укине непопуларниот данок на имот, кој го воведе владата на Марио Монти.

Берлускони ги претстави контурите на “договорот” со Италијанците, во кој вети бројни реформи и мерки кои би им помогнале на неговите сонародници да се справат со длабоката рецесија и рекордна невработеност меѓу младите, која изнесува 37 отсто.

Поранешниот премиер, за рецесијата го обвини воведувањето данок на престој, наведувајќи дека поради него е намалена вредноста на имотот, продажбата на недвижнини е запрена, како и дека сериозно е попречена изградбата на индустријата.

Според анкетите на јавното мислење, коалицијата на десниот центар на Берлускони, моментално заостанува зад левицата за околу 27 до 38 проценти.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он