Берлин одговори на обвинувањата на Ердоган

Од:

Кризата во односите меѓу Германија и Турција дополнително се продлабочува, откако официјален Берлин одговори на критиките од Анкара, поради резолуцијата за „ерменскиот геноцид“ што ја усвои германскиот Парламент.

– Одлуката на Бундестагот со која смртта на 1,5 милиони Ерменци во Отоманската Империја за време на Првата светска војна се призна како геноцид, мора да се почитува, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, острите тонови од двете страни се засилија откако германскиот пратеник со турско потекло Џем Ездемир доби смртни закани поради поддршката за резолуцијата, која Анкара ја отфрла како „дело на ерменското лоби“.

– Резолуцијата беше политичка иницијатива што потекна од Бундестагот, кој е демократски избран и независен орган според нашиот устав. Бундестагот донесе суверена одлука. Таа мора да се почитува, изјави Зајберт.

По усвојувањето на Резолуцијата минатата недела, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро ја критикуваше одлуката на Бундестагот и побара Германија прво да одговора за Холокаустот, а потоа и за убиство на 100 луѓе во некогашната германска колоннија Намибија.

Ердоган предходно обвини 11 германски пратеници со турско потекло, кои гласаа за резолуцијата, дека го поддржуваат тероризмот на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и побара тие да „направат крвни анализи за да се види каков вид турска крв имаат“.

Во одговорот на нападите од Анкара, пратениот Ездемир, кој е лидер на партијата Зелени и предлагач на резолуцијата, порача дека германскиот Парламент не носи одлуки според тоа дали тие ги прават среќни авторитарните лидери.

Спорот меѓу Турција и Германија се случува во пресуден момент кога офицјална Анкара од 20 јули треба да го имплементира договорот со ЕУ со кој бегалците треба да останат на турска територија, а турската Влада за возврат да добие пари, визно олеснување за своите граѓани и побрз влез во унијата.

Еден од чекорите кои наводно се во игра во знак на одмазда кон Берлин е и забраната за пристап на германската армија во воената база Инџирлик, но засега нема официјална потврда за ваква одлуга.

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он