А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Берлин нареди депортација на тројца граѓани на ЕУ и еден Американец

by А1он02/04/2025 - 07:07379
Share0

Имиграциските власти во Берлин им наредија на тројца граѓани на Европската Унија и на еден Американец да ја напуштат Германија поради наводен антисемитизам и поддршка на тероризмот, откако учествуваа во демонстрациите против израелската офанзива во Појасот Газа, изјави адвокат кој застапува две од четирите лица кои се соочуваат со депортација, објави денеска Фајненшл тајмс.

Добивај вести на вибер

Четворица активисти, двајца од Ирска, еден од Полска и еден од САД, тврдат дека функционерите во германскиот главен град го „вооружуваат законот за миграција“ откако им било кажано дека мора да ја напуштат земјата до 21 април или ќе се соочат со депортација поради обвиненија кои вклучуваат извикување пропалестински слогани.

Групата во денешната заедничка изјава соопшти дека нивното протерување е дел од обидот да се „замолчат пропалестинските гласови и политичкото несогласување“.

Тие го споредија нивниот третман со однесувањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон активисти како Махмуд Калил, сириски дипломец на Универзитетот Колумбија и носител на зелена карта во САД, кој беше приведен и се соочува со депортација поради учество во пропалестински демонстрации.

Александар Горски, адвокат за криминал и миграција, кој застапува двајца демонстранти во Берлин, рече дека во својата кариера никогаш не видел случаи на депортација засновани на концептот на Стаатсрасон, идејата дека безбедноста на Израел е централна за националниот интерес на Германија.

„Тие во основа тврдат дека, поради германскиот Штратштрас, ова бара најстроги мерки познати на германскиот миграциски закон“, рече Горски, додавајќи: „Никогаш не сум видел таква политичка формулација (како основа за депортација).

Одделот за внатрешни работи на Берлин, одговорен за канцеларијата за имиграција во градот, потврди дека ги информирал четворицата активисти дека им се одземени дозволите за престој.

Одделот соопшти дека одлуката е донесена во врска со протестите на Слободниот универзитет во Берлин во октомври 2024 година, кога „насилна, маскирана група поединци“ влегла во зградата и предизвикала „значителна материјална штета, вклучително и графити“.

Најавено е дека кривичната постапка е во тек, но не беше прецизирано дали овие пријави конкретно се однесуваат на четирите лица на кои сега им е наредено да ја напуштат државата. Горски рече дека не е јасно за што се обвинети четирите лица по демонстрациите.

berlindeportacija

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Горан Наумовски26/01/2026 - 14:10

Малолетник почина од струен удар – се обиде да ја земе електронската цигара која му падна на шините во метро

А1он24/01/2026 - 14:2324/01/2026 - 15:40

Експлозија во зграда во Берлин: Повеќе од 45 лица повредени, а населението се евакуира

Горан Наумовски13/10/2025 - 11:06

Берлин: Германците да го напуштат Иран

Горан Наумовски29/08/2025 - 10:3729/08/2025 - 10:40

Тревога во Берлин: Губиме на сите фронтови

Горан Наумовски15/07/2025 - 21:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен