Берлин: Москва треба да му пружи медицинска помош на Навални

Од:

Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор две години и чие здравје е влошено, соопшти денеска германската Влада.

– Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на германската Влада Кристијане Хофман.

Според неа, она што се случува во Навални може да им се случи на сите оние кои во Русија го креваат својот глас против власта на Владимир Путин.

Навални во средата изјави дека има симптоми на грип и оти му била одбиена соодветна медицинска помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен