Бербок: Русија го држи клучот за деескалацијата на украинската криза

Од:

Германската влада го повторува своето барање за повлекување на руските војници од границите на Украина, непосредно пред да почнат разговорите меѓу канцеларот Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.

-Одговорноста за деескалацијата јасно е дека е на Русија, рече утринава шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.

„Судбината на цела земја и нејзиното население во моментов е загрозена поради трупањето руски војници. Ситуацијата е крајно опасна и може да ескалира во секој момент“, предупреди таа, пренесена од германската агенција.

Бербок истакна дека Западот мора јасно да стави до знаење „со сета своја доследност“ дека обединето стои зад мирна и безбедна Европа.

Германскиот канцелар и рускиот претседател попладнево треба да се сретнат во Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ