Членот на Нобеловиот комитет Андерс Берани изјави дека одлуката Нобеловата награда за физика да им се додели на Британецот Питер Хигс и Белгиецот Франсоа Енглерт е погрешна и оти признанието требало да и припадне на лабораторијата на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Швајцарија.
– Сметам дека истражувачите направија неверојатно фантастична работа и би требало да бидат наградени, рече Берани.
Хигс и Енглерт ја добија Нобеловата награда за теоретското откритие на механизмот, кој придонесува за разменување на потеклото на масата на субатомските честички.
Нивната теорија по неколкудецениското истражување ја потврди минатогодишното откритие на субатомската честичка – Хигсовиот бозон во лабораторијата на ЦЕРН во близина на Женева.
Многумина очекуваа дека поради тоа и лабораторијата со Хигс и Енглерт ќе ја „подели“ Нобеловата награда. Меѓутоа придонесот на истражувачите на ЦЕРН е само споменат во кусиот запис со образложението на одлуката.
– Тоа никогаш досега не е сторено. Тоа е фино признание, но сметам дека не е доволно нешто такво да се спомене во еден таков текст, рече Берани.
Иако Нобеловата награда и претходно им е доделувана на организации, тоа никогаш не се случило во областа на науката.