Бен-Гвир повика на трајна окупација на Појасот Газа

Од:

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир повика на трајна окупација на Појасот Газа.

Во објава на мрежата Х, тој го изрази своето противење на американското посредување во преговорите меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и изјави дека Хамас „мора да биде уништен, до целосно предавање“, пренесува Ал Џезира.

Според него, трансферот на сета хуманитарна помош и гориво треба да биде суспендиран додека не бидат ослободени сите заложници кои ги држи Хамас, а израелските власти треба „да го охрабрат населувањето и окупацијата на територијата на Појасот Газа за Израел трајно да ги задржи”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април