Белорускиот активист Виталиј Шишов, пронајден обесен во парк во Киев

Од:

Белорускиот активист Виталиј Шишов денеска, рано утринава, е пронајден мртов во парк во близина на неговата куќа во Киев, еден ден откако беше пријавено неговото исчезнување, соопшти украинската полиција.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна во понеделникот во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се наведува во полициското соопштение, пренесуваат британскикте медиуми.

Украинската полиција соопшти дека отворила кривична истрага поради сомневање за убиство, но дека ќе ги испита сите можности, вклучувајќи и самоубиство.

Исчезнувањето на Виталиј Шишов, директор на непрофитната организација „Белоруска куќа во Украина“ (БДУ), која им помага на Белорусите кои бегаат од прогонот во нивната земја, вчера го пријави неговата партнерка, откако не се вратил од утринското трчање.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори во Белорусија минатата година, а БДУ им помага да најдат сместување, работа и им дава правни совети.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад