Вооружените сили на Белорусија почнаа серија маневри со кои се тренира борбената готовност во услови на транзиција од мирновременска кон воена состојба, соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Главната цел на вежбите е спроведување на серија континуирани обуки што ги вклучуваат сите категории на воен персонал, воени единици и командни центри, што треба да практикуваат координирани мерки за премин од мир во војна“, соопшти белоруското Министерство за одбрана во соопштението на Телеграм.
Од Министерството соопштија дека овие мерки се преземаат согласно планот за обука за 2021-2022 година на белоруските вооружени сили.
„Обуката за борбената готовност на армијата се одржува по уште една кампања за регрутирање, во време кога регрутите веќе ги совладаа основните воени вештини“, соопшти Министерството за одбрана, пренесе Тасс.
Извор: МИА