Белорусија: Уапсен поранешен претседателски кандидат

Од:

Белоруски опозиционер, кој беше противник на претседателот Александар Лукашенко за време на претседателските избори во 2020 година, е уапсен, објави неговиот тим.

Станува збор за Андреј Дмитриев (41), активист кој води социјално движење против Лукашенко, а полицијата го приведе во средата во Минск, пишува во порака на неговата Фејсбук страница, пренесе британската новинска агенција Ројтерс.

Се додава дека се уште не е познато зошто е во притвор.

Белоруските власти не го коментираа неговото притворање.

На изборите во 2020 година, за кои опозицијата тврди дека биле наместени, Дмитриев беше четврти, со 1,2 отсто од гласовите, покажуваат официјалните податоци.

Поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците неколку недели по изборите во август 2020 година, но наидоа на силен отпор од безбедносните структури.

Британската новинска агенција додава дека групите за човекови права проценуваат дека во белоруските затвори има околу 1.500 политички затвореници како резултат на задушувањето на протестите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија