Белорусија спроведува ненајавена проверка на борбената готовност на трупите

Од:

Белорусија почна ненајавена инспекција на борбената готовност на своите трупи соопшти денеска Министерството за одбрана.

– Активностите ќе бидат сеопфатни по карактер, трупите ќе мора што побрзо да се префрлат во подрачја предвидени за тоа, со инжинерска опрема, да организираат заштита и одбрана и да постават понтонски премини преку реките Неман и Березин, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија.

Се наведува дека ќе биде транспортирана воена техника и персонал, како и дека поради тоа ќе биде ограничен сообраќајот на одредени јавни патишта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија