Белорусија осуди уште едно лице на смртна казна

Од:

Еден маж во Белорусија денеска е осуден на смрт поради двократно убиство, и покрај тоа што Европската унија повеќе пати бараше да се укине смртната казна во единствената европска земја во која таа се уште се спроведува.

Организацијата за човекови права со седиште во Минск, Вјасна (Пролет), соопшти дека суд во источниот град Витсебск го прогласил Виктар Пауло (50) виновен за убиство на две постари жени кон крајот на декември и денеска го осуди на смрт.

Тој е вториот Белорусин осуден на смрт годинава откако 36-годишниот Алјаксандар Асипович доби смртна казна поради убиство на две девојчиња во 2018 година.

ЕУ со години апелира до Белорусија да им се приклучи на другите држави и да ја укине смртната казна.

Според податоци на организации за човекови права, околу 400 луѓе се осудени на смрт во Белорусија откако стекна независност по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он