Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Од:

Белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алејник денеска ги обвини литванските власти дека финансираат паравоени сили кои наводно се обидуваат да ја соборат владата во Минск.

„Можеби би им дал совет на литванските политичари. Престанете да ги поддржувате екстремистите и да ги финансирате нивните активности“, изјави шефот на белоруската дипломатија во интервју за РИА Новости.

Тој нагласи дека литванските политичари се свесни за паравоените формации кои наводно се наоѓаат на територијата на Литванија, а кои планираат промена на власта во Белорусија.

Шефот на КГБ на Белорусија, Иван Тертел, претходно изјави дека има околу 50 странски фондови во Литванија, Полска и Украина кои ја финансираат промоцијата на политиката на „мека моќ“ кон Белорусија, како и радикални опции за промена на власта во таа земја.

По претседателските избори во 2020 година во Белорусија, некои членови на опозицијата, меѓу кои и поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановска, заминаа во Литванија.

Тихановска беше осудена во отсуство од белорускиот суд на 15 години затвор под обвинение за заговор за преземање на државната власт, создавање и водење на екстремистичка група, јавни повици за санкции, поттикнување социјален раздор и предавство, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина