Белорусија издаде потерница за Тихановскаја

Од:

Белорусија издаде меѓународна потерница за Светлана Тихановскаја, претседателски кандидат на изборите одржани во август годинава, под обвиненија дека повикала да се наштети на белоруската национална безбедност, изјави денеска за агенцијата ТАСС извор од судството во Минск.

Според него, „станува збор за повреда според членот 361 од Кривичниот законик на Белорусија (повици за постапување против државни агенции и институции)“.

Белорусија претходно издаде потерница за апсење, која важи и во Русија, поради билатералниот договор што го имаат овие две земји.

На 9 август, Изборната комисија на Белорусија соопшти дека Александар Лукашенко освоил 80,10 проценти од гласовите, а Тихановскаја 10,12 проценти.

Таа одби да ги прифати резултатите, сметајќи ги наместени, па истиот ден ја напушти Белорусија и замина во соседна Литванија.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина