Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.
„Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември“, рече портпаролот на министерството Анатолиј Глаз.
Тој ги осуди „отворено непријателските“ акции на САД.
Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија и институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада.