Белгиски хакери крадат податоци и ги уценуваат фирмите

Од:

Се поголем број фирми во Белгија се жртви на хакери, кои ги крадат податоците на нивните клиенти, а потоа бараат откуп за да ги вратат.

Последна жртва на хакерите е интернет-провајдерот „Њумерикабл“, кој дејствува на територијата на Брисел и на Лукесмбург. Хакери од групата „Рекс Мунди“ бараат откуп од 22.000 евра за да ги вратат податоцина на 6.000 идни клиенти на провајдерот.

Податоците биле украени од интернет-страницата на фирмата, каде биле доставени молбите за приклучување кон нејзината мрежа. Хакерите не продреле во информациите на постоечките клиенти.

„Њумерикабл“ добил рок од една недела за да ја исплати бараната сума на хакерите. Рокот истекува в среда.

Ако хакерите бидат откриени ним ќе им се суди за уцена и за членство в организирана криминална група, за што можат да бидат осудени и на до 15 години затвор.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски