Белгиската полиција се обидува да го запре конвојот демонстранти

Од:

Белгиските власти денеска соопштија дека задржале 30 возила додека полицијата се обидува да спречи конвој демонстранти против ковид-ограничувањата да стигне до Брисел.

Демонстрантите од самопрогласениот „Конвој на слободата“ се обидоа да се упатат кон север кон седиштето на Европската унија, игнорирајќи ја забраната по обидот да го блокираат сообраќајот во Франција за време на викендот.

Градоначалникот на Брисел Филип Клосе изјави за локалната радио станица RTBF дека вкупно 400-500 автомобили и минибуси биле забележани на пат кон главниот град на Белгија.

„Околу 30 се блокирани, а останатите исчезнаа“, рече Клосе.

Тој рече дека неколку десетици автомобили биле паркирани на периферијата на Брисел, каде што полицијата одлучила да ги насочи демонстрантите и тие би можеле да преговараат за да им дозволат да одат пеш до центарот на градот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пентагон испрати војници од Националната гарда да го смири „Конвојот на слободата“

Ана Ололовска

„Конвојот на слободата“ пристигна во Брисел, уапсени неколку лица

А1он

И покрај забраната, „Конвојот на слободата“ се движи кон Брисел

Ана Ололовска

Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“

Ана Ололовска

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите

Ана Ололовска

„Конвоите на слободата“ се забранети во Париз

Ана Ололовска