Белата куќа свесно не сака да прецизира дали претседателот на САД Барак Обама во септември во Москва ќе се сретне со неговиот рускиот колега Владимир Путин, доколку не биде решено прашањето со Едвард Сноуден.
Запрашан дали Обама се уште планира да се сретне со Путин во Москва, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни одговори: „Немам нови информации за нашето патување во Русија. Претседателот планира да замине во Русија во септември“.
Путин го покани Обама на билатерални разговори пред средбата на врвот на Г-20 во Санкт Петербург. Белата куќа објави на 17 јуни дека претседателот на САД ја прифаќа поканата.
Меѓутоа, шест дена подоцна поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, кој ја обелодени американската програма за следење на комуникациите, пристигна во Москва со лет од Хонгконг. Сноуден, против кого САД покренаа обвиненија за шпионажа, останува во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ и побара времен азил во Русија.