Белата куќа: Обама верува во слободата на медиумите

Од:

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Барак Обама цврсто верува во слободата на медиумите и дека не сака новинарите да бидат под притисок поради својата професија, одговарајќи на критиките кои администрацијата, кои ги претрпе последните денови поради истрагата во врска со новинарите на агенцијата„ Асошиетејд прес.“

Министерството за правда на САД неодамна ги преслуша телефонските повици на новинарите на „Асошиејтед прес“, во врска со информациите поврзани со обидот за терористички напад на еден американски патнички авион во Јемен минатата година.

Вашингтон Пост објави дека во слична ситуација бил и новинарот на „Фокс Њуз“, Џејмс Розен околу информации поврзани со Северна Кореја.

По бројните критики во јавноста се огласи портпаролот на Белата куќа Џеј Керни кој рече дека не може да зборува за специфичните случаи, но укажа дека претседателот Обама верува во патот помеѓу зачувување на националната безбедност и можноста новинарите слободно да си ја вршат работата.

-Долколку ме прашувате дали претседателот смета дека треба да им се суди на новинарите за работата која ја вршат, одговорот е не- нагласи Керни кој порано беше новинар во списанието Тајм.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Израел направи драстичен чекор, ја игнорираше Америка

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски