Белата куќа: Обама поседува имот во вредност до 6,9 милиони долари

Од:

Американскиот претседател Барак Обама поседува имот во вредност од меѓу 1,85 и 6,88 милиони долари, од кои меѓу еден и пет милиони долари се во среднорочни хартии од вредност на Министерството за финансии, покажува финансискиот извештај објавен на веб страната на Белата куќа.

Обама и сопругата Мишел во април пријавиле бруто приход од 608.611 долари за минатата година, што е помалку од претходната, бидејќи приходите од продажбата на неговите книги бележи пад.

Како претседател Обама има право на плата од 400.000 долари годишно. Обама на име на хипотекарен заем за куќа во Илиноис пријавил меѓу 500.000 и еден милион долари.

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден пријави имот во вредност од меѓу 439.031 и 1,7 милиони долари, покажува извештајот. Бајден поседува и финансиски обврзници меѓу 755.000 и 1,67 милиопни долари, вклучително хипотека меѓу 500.000 и еден милион долари.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина