Американскиот претседател Џозеф Бајден е добро откако се сопна и падна на настан во американската сојузна држава Колорадо, соопштија денеска претставници на Белата куќа.
„Имаше вреќа со песок на сцената додека претседателот се ракуваше“, твитна директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт, велејќи дека Бајден е добро.
Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден се качил во авионот при неговото враќање од Колорадо со „голема насмевка“, иако новинарот забележал дека немало прашања за новинарите пред летот, објави Би-Би-Си.