Бела куќа: Мал број наши војници се во Украина

Од:

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека мал број американски војници се наоѓаат во американската амбасада во Украина.

Во одговор на прашање на Фокс њуз за наводно објавените документи на Пентагон, во кои се вели дека американските специјални сили дејствуваат во Украина, Кирби рече дека нема да зборува за специфики и точни бројки.

„Но, да, мал број војници се присутни во американската амбасада и тие работат со канцеларијата на одбранбеното аташе за да ни помогнат да го прегледаме материјалот што доаѓа и излегува од Украина“, рече Кирби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ