Басеску повтори дека Понта работел како таен агент на СИЕ

Од:

Сегашниот премиер и претседателски кандидат Виктор Понта бил таен агент на романската Надворешна разузнавачка служба (СИЕ) од 1997 до 2001 година, изјави вчера романскиот претседател Трајан Басеску.

Басеску истакна дека Понта, кој тогаш официјално работел како обвинител, веројатно ги штител луѓето кои СИЕ била заинтересирана да ги заштити, а тоа било неуставно и нелегално.

Според тогаш важечкиот романски Устав, обвинителот не можел во исто време да биде агент на СИЕ, рекол Басеску.

Запрашан дали ќе обезбеди докази за своето тврдење, кое првпат го изнесе во една тв емисија на 13 октомври, Басеску одговори негативно, наведувајќи како причина тоа што Уставниот суд на Романија не може да пресудува во вакви случаи, туку само во случаи на евентуална неуставност меѓу институциите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година