Басеску: По заканите на Рогозин, посетата на Понта на Русија би била неумесна

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека по заканите на рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, посетата на романскиот премиер Виктор Понта на Русија, би била неумесна, пишува денеска весникот „Адервул“.

Басеску ја коментираше изјавата на рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, кој по забраната да премине со авион преку воздушниот простор на Романија, објави дека следниот пат ќе лета со бомбардерот ТУ-160.

Романското МНР оцени дека зборовите на рускиот вицепремиер се многу опасна закана, особено во „актуелниот регионален контекст“.

Романскиот претседател рече дека заканите на Рогозин веројатно биле дадени под дејство на алкохол, пишува „Адервул“.

Басеску истакна дека не може да ја смета изјавата на Рогозин за официјална руска позиција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година