Романскиот претседател Трајан Басеску ги повика денеска властите во Киев да почнат преговори со Југоисточна Украина „за да биде избегната граѓанска војна и неуспех на претседателските избори“, пренесува ИТАР-ТАСС.
Романија го поддржува територијалниот интегритет на Украина. Ние сепак ги преценивме способностите на Киев за одржување контрола над ситуацијата, изјави Басеску.
Тој, исто така, нагласи дека изборот на претседател на Украина без учество на сите региони на земјата ќе резултира идниот победник да не биде легитимен.
– Ако сите региони не учествуваат на изборите во Украина, нема да има конкретно избран претседател. А дел од Украина нема да го признае за таков, нагласи Басеску.
Романскиот претседател истакна дека според него одговорните за загинатите во немирите во Одеса кон крајот на минатата недела треба да одговараат пред законот.
Романија го поддржува предлогот на Кетрин Ештон за формирање независна комисија за разрешување на трагедијата во Одеса, нагласи Басеску.