Басеску ги повика на консултации сите лидери на партиите што влегоа во парламентот

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску ги покани претседателите на сите парламентарно претставени партии и претставници на националните малцинства на консултации, неопходни за посочување на кандидатот за премиер на земјата, сооопшти Аџерпрес.

Басеску испратил писма до сите лидери во петок вечерта, а средбата е закажана за понеделник во 10 часот утрината во претседателската палата Котрочени.

Писма добиле лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), Виктор Понта, претседателот на Националнолибералната партија (НЛП), Крин Антонеску, лидерот на Демократсколибералната партија, Василе Блага, Симола-Алис Ман,од Партијата на народот-Дан Даконеску, претседателот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Хунор Келемен, Даниел Константин, лидер на Демократската партија, претседателот на Националниот сојуз за прогрес на Романија, Габриел Опра, Михај-Разван Унгуреану, кој е на чело на коалицијата „Унија Десна Романија“ и претседателот на Националноселската христијанска и демократска партија, Аурелијан Павелеску.

Поканети са и претставници на сите национални малцинства во парламентот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ