Претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани му даде тридневен ултиматум на Багдад да му достави договорот на автономната област како алтернатива за планираниот референдум за независност.
Официјален Багдад неколкупати го осуди закажаниот референдум. Ирачкиот Врховен суд вчера го прогласи референдумот за незаконски.
Барзани и предложи на Владата да го одложи референдумот, закажан за 25 септември, доколку се постигне билатерален договор со централната Влада на Багдад.
– Доколку тоа не се случи за два-три дена, нема да може да се поништи референдумот, рече Барзани.
Тој не прецизира каков договор се очекува да и се предложи на Владата во Багдад.