Барозо му предал список на прашања Понта за кризата во Романија

Од:

Романската влада утре или најдоца до понеделник ќе ги испрати одговорите на списокот со прашања, кои претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо му го врачил на романскиот премиер Виктор Понта за време на нивната денешна средба во Брисел, соопшти агенцијата Аџерпрес.

-Тоа беше многу корисна и позитивна средба. Дознав за загриженоста на Комисијата, што е легитимно. Исто така, добив и список со прашања на кои ЕК очекува од романската влада многу јасни одговори, и имаме задача до утре или во понеделник да ги испратиме одговорите за уште еднаш да ги увериме дека политичката битка од минатата недела не ги засегна и на никаков начин нема да ги засегне правната држава, уставниот поредок и стабилноста на нашите институции, изјави Понта.

Виктор Понта денеска ја завршува својата дводневна посета на Брисел, каде на европските претставници им даваше објаснувања за политичката криза во земјата и отстранувањето на Трајан Басеску од функцијата претседател на Романија.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“