Барот на смртта во Швајцарија никој не го проверил шест години

Од:

Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки во барот во кој во пожар загинаа 40 млади луѓе, додека обвинителството ги засилува напорите за утврдување на одговорноста.

Градоначалникот на скијачкото одморалиште Кран-Монтана изјави дека во барот „Ле Констеласион“ не била спроведена инспекција од 2019 година, што предизвика силна реакција од кантоналниот премиер Матијас Рејнар, кој за локалниот весник Le Temps оцени дека станува збор за сериозен институционален пропуст.

– Бев лут, изјави Рејнар, одговарајќи на прашање за отсуството на контроли. Поради овие сериозни пропусти. И мислам дека е нормално да се биде лут, но мора да ѝ дозволиме на правдата да си го направи своето, потенцираше тој.

Шефот на службата за безбедност на кантонот Вале оваа недела изјави дека изолациската пена во подрумот на барот, каде што избувна пожарот за време на новогодишната прослава, требало да биде проверувана согласно законските прописи, што е во спротивност со изјавите на градоначалникот на Кран-Монтана. Поголемиот дел од жртвите беа тинејџери.

Обвинителството во петокот му одреди притвор на Жак Морети, еден од двајцата француски сопственици на барот, а судот во наредниот период треба да одлучи дали ќе му биде изречен и формален притвор.

Истражните органи ги испитуваат сопствениците под сомнение за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност. Семејствата на жртвите веќе поднеле тужби поврзани со пожарот.

Партнерката на Морети, Џесика Морети, вчера им се извини на жртвите, а двојката јавно соопшти дека е скршена од трагедијата.

Во Швајцарија сѐ погласни се повиците одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, при што дел од критичарите ја доведуваат во прашање и одлуката сопствениците толку долго да останат на слобода.

– Одговорните ќе мора да сносат последици, вклучително и надлежните институции, изјави Рејнар.

Би можело да ве интересира

Семејството на Стивен Ивановски која загина во пожарот во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Идентификувани се сите 116 повредени во ужасниот пожар во Швајцарија, меѓу нив четворица Срби и еден Босанец

Горан Наумовски

Швајцарија ги замрзна сите средства на Николас Мадуро

Швајцарската полиција: Идентификувани се последните 16 загинати во Кран-Монтана

Идентификувана најмладата жртва од трагедијата во Кран-Монтана