Поранешниот претседател на Европска комисија Жозе Мануел Баросо не ги прекршил етичките правила на Европска унија кога ја прифатил контроверзната работа во американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ откако ја напушти функцијата во ЕК, соопшти денеска ЕУ.
– Врз основа на информациите нема доволно основа да се укажа на кршење на интегритетот и дискреција на должноста, се наведува во соопштението на ад хок етичката комисија на ЕУ за работното место во „Голдман Сакс“.
Во соопштението се додава дека Баросо сепак не покажал доволно разборитост за човек што извршувал висока функција толку години.