Барак Обама в понеделник во посета на Белфаст

Од:

Американскиот претседател Барак Обама в понеделник ќе го посети Белфаст, соопштено е денеска во северноирскиот главен град.

Тој ќе престојува во Северна Ирска, како еден од учесниците на самитот Г-8 што на 17 и 18 јуни се одржува во овој дел на Велика Британија.

САД беа составен дел од мировниот процес во Северна Ирска пред крајот на 90-тите години од 20. век, со кој беше запрен неколку деценискиот судир меѓу локалните католици, националисти и републиканци и протестантите, унионисти.

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговата сопруга Хилри, на неколку пати беа во Белфаст и во Северна Ирска, како знак на силна американска поддршка на мировниот процес. По нив во покраината беше и Џорџ Буш, а сега ќе престојува и Обама.

Британскиот премиер Дејвид Камерон кој е домаќин на годинешниов Самит на лидерите на осумте политички и економски најголеми и најразвиени земји во светот, изјави дека е горд што средбата Г-8 се одржува токму во Северна Ирска.

– Искрено зборувајќи, пред 10 или 20 години беше незамисливо еден самит на Г-8 да се организира во покраината и во областа Фармана, вели Камерон.

Според британскиот премиер, тоа е можно благодарејќи на трансформацијата што во изминатите години е извршена во Северна Ирска низ мировниот процес, започнат со мировната спогодба од Стормонт од април 1998 година.

Јас сум горд на тоа постигнување и на можноста лидерите да ги запознаат убавините на Фармана и на овој дел од нашата земја, рече премиерот Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа