Мохамед ел Барадеј поранешен шеф на Меѓународната агенција на ОН за нуклеарна енергија, е фаворит во изборот на лидер на преодната египетска влада, тврдат египетски воени и дипломатски извори.
Ел Барадеј (71) мандатот го добил од сојузот на либерални и левичарски партии, Националниот фронт за спас како и од младински групи кои организираа протести против досегашниот претседател Мохамед Морси.
Ел Барадеј беше присутен кога во средата командантот на оружените сили објави дека армијата го разрешиле од власт Морси.